Меѓународно Графичко триенале |
||||||
Реализацијата на археолошката музејска поставка свечено е промовирана на 4 февруари 1992 година, по Праисторијата ги презентира најстарите остатоци од животот на човекот во Пелагониската котлина, кои потаекнуваат од младото камено временеолитот, кое е една од најзнчајните историски етапи во развитокот на човештвото. Неговата појава ги означува почетоците на најголемиот процес во општествено економската револуција и почетоците на создавањето на современиот свет. Големиот број наоѓалиштанаселби, денес познати под името тумби, покажуваат дека Пелагонија во неолитско време била густо населена. Велушка Тумба, Тумба Породин, Тумба Оптичари, Гургур Тумба, Тумба Кармани, во своите културни слоеви кријат материјални остатоци од животот на цивилизации, општествено организирање и културно оформување чија еволуција се одвивала во континуитет. Според културните вредности, неолитот овде е познат под името Велушкопородинска група. Од истражувањата на неколку населби од неолитската култура, собрана е и овде презентирана груба, фина и сликана керамика, коскени камени и земјени орудија, предмети сврзани со духовниот живот, култот и религијата на населението преку антропоморфни и тереоморфни садовижртвеници. Железното време I засега се базира исклучиво на предмети од материјалната култура кои потекнуваат од некрополи и поединечни гробови. Од овој период познати се некрополите Бел Камен кај Живојно, Марта кај Зовиќи Сарај кај Брод. Железното време II е презентирано со археолошки материал претежно од гробните наоди од некрополите под могили и рамни некрополи Висои кај Петилеп, Батков Дол кај Мојно, Сламите кај Рапеш. Железното време III кое се поклопува со крајот на архајското и класичното време, претставува време на нови Материјалот од Античкото одделение во постојаната музејска поставка е презентиран во две сали, на површина од околу 150 м2. Основен принцип во излагањето на материјалот е хронолошкиот и тоа периодот од IV век п.н.е. до VI век н.е. За разлика од материјалот од архајскиот, класичниот, а донекаде и од постарите фази на македонско хеленистичкиот период кој е послабо застапен, останатите епохи коишто следат се доста добро застапени. Посебно од класичниот и македонско хеленистичкиот период се издвојува богатиот гробен златен накит пронајден на локалитетот “Црквиште” кај село Беранци. Вистински раритет претставува златната обетка од типот “а навичела”, од гробот на младата принцеза, што пак од своја страна покажува дека локалната аристократија ја следела модата на егејскиот културен круг. Но, факт е дека традиционалните влијаниа оставиле длабоки траги. Впрочем, копчите и белегзиите од Беранци кои припаѓаат на т.н “змиски стил” се типични занаетчиски создавања на македонско пајонскиот простор. Доминантно место во една од салите на Античкото одделение со право му е дадено на брилијантната копија на фигурата на Атена Партенос од II век н.е., која по невообичаената рамнотежа меѓу спокојството и суптилното многу е блиска на Фејдината Атена Партенос на Акропол. Наспроти неа, иако дејствува потресно, трагичната маска со ужасен изглед, пронајдена во Хераклеја е полна со непосредна естетска привлечност. Дека за време на римското владеење израснал моќниот мистериски култ кон египетските божества потврдуваат наодите на Изида од селото Горно Српци од втора половина на II век.н.е. Единствениот, пак, наод на Харпократ (статуета од бронза) кој заедно со Изида и Серапис ја претставуваат тријадата на синкретизираните божества, потекнува од локалитетот Хераклеја. Неповторливиот антички копнеж кон убавината на жестоката машкост е повеќе од евидентна кај бронзената За тоа како изгледале македонските гробници вдлабени во карпа и што сé се наоѓало во нив се трите гробници од локалитетот Дибек кај селото Суводол. Во дел од втората сала на античкото одделение презентиран е материјал со силен призвук на христијанството, посебно на производите од тогашните уметнички занаети. Самиот мотив, крст, симболот за дистинкција на христијаните, присутен е кај сите утилитарни предмети од бронза, сребро, злато, коска, стаклена паста. Во таа насока впечатливи се фибулитекопчи со позлата од селото Живојно и бронзените лампи од Хераклеја. Исклучителен експонат од овој период е шлемот од бронза со спојки, датиран 497523 година, а припаѓал на висок византиски великодостојник. Немирните времиња и нападите на варварските племиња (IV век - VI век) се посведочени во двете последни витрини од ова одделение и тоа посебно преку материјалот кој припаѓа на аварословенскиот период. Покрај археолошките експонати, музејската поставка е збогатена и со текстови, карти, фотографии, цртежи и слично, сé со една цел да се создаде појасна престава за одреден период, или посебно локалитет.
Периодот од крајот на VI и почетокот на VII век е прикажан преку таканаречената преселба на јужните словени на
|
||||||