Меѓународно Графичко триенале

Музејската поставка за еврејскиот етнос во Битола поставена е во една од просториите во порталот на Еврејските гробишта во Битола. Со свеченото отворање Музејот од Битола даде придонес кон одбележувањето на 500 годишнината од прогонувањето на Евреите во 1492 година од Шпанија и Португалија и нивното доселување на Балканот и во Битола.

Самата поставка својата содржина ја темели низ фотодокументи, копии и друг пишуван материјал што го прикажува еврејскиот етнос кој 500 години живее заеднички со македонското население. Во најголем број фото материјалот изложен во оваа поставка потекнува од крајот на XIX и почетокот на XX век. Презентирани се повеќе фамилијарни фотографии од видни еврејски семејства, фолклорни, спортски друштва, поединци рабини, занаетчии. Во рамките на поставката се презентираните материјали за нивното учество во НОАВМ и геноцидот спроведен врз нив на 11 март 1943 година од страна на фашистичките окупаторски воени сили и нивната идеологија.