Меѓународно Графичко триенале |
||||||
Одделение за движни црковни предмети, икони, ѕидно сликарство и резба Во рамките на целокупните активности, Одделението за движни црковни предмети во изминатите децении постигнува значителни резултати. Во Фондот на музејската збирка досега се депонирани : околу 40 икони датирани од XVI до крајот на XIX век и бројни други црковни предмети: метални крстови, путири, кандила, свеќници и др. Напоредно со активностите од музејската дејност ова оддделние ги реализира и задачите од областа на заштитата. Со неколку преземени акции за евиденција на движното културно наследство и ѕидно За одбележување се и неколкуте акции на конзеваторско-реставраторски работи на сликарството во црквите: “Св. Димитрија” Битола, Св. Петка во Маловиште, Св. Богородица Пречиста во Граешница, “Св. Димитрија” во Градешница Мариово, “Св. Архангел Михаил” во с. Егри и “Успение на Св. Богородица” во с. Велушина.
Во ова одделение преземени се пошироки активности кои се привршуваат за опремување на лабораториски простор, со што ќе се овозможат поголеми услови за обработка и конзервација на таквите предмети.
|
||||||