Меѓународно Графичко триенале |
||||||
По повод 100 годишнината од Илинденското востание, со Одлука на Министерството за култура на Република Македонија, во 2003/4 година, изграден е Меморијален музеј во с. Смилево. На Музејот од Битола му беше доверена задача да изготви елаборат за постојаната музејска поставка од меморијален карактер. На простор од 130 м2, е реализирана музејска поставка која ги содржи следните тематски целини:
Во Конгресната сала, преку уводен текст посетителот се запознава со содржината и значењето на Смилево, со над Со 20-на документи претставени се протоколите од заседанијата на Конгресот, фрагменти од Дисциплинскиот востанички устав, портрети од членовите на Главниот штаб, копија од знамето на II (Битолски) револуционерен округ. Во една витрина изложени се два раритетни оригинални предмети: револверот на Смилевскиот војвода Веле Илиев Пенчо и бомба изработена во една од леарниците што постоеле во тоа време во с. Смилево. Овој простор е уреден како конгресна соба. Како посебна целина во овој простор прикажано е Смилево во портрети на неколку смилевски војводи, како и фотодокументи за контраофанзивата и последиците од тоа во селото. Поместени се и две витрини во кои е изложен материјал, оружје од Илинденскиот период.
Спомен собата посветена на Битолскопреспанскиот одред “Даме Груев”, е со акцент на неговата прва воена акција изведена на 2 август 1942 година, во селото Смилево. Целта на оваа акција беше спречување на бугарскиот окупатор да одржи митинг во с.Смилево. Во овој простор од 20на м2 поместени се 50 фотографии и документи преку кои се следи равојот на револуционерната дејност во с. Смилево во периодот меѓу двете светски војни, при што се претставени револуционери од самото село и тој крај, економската моќна селото, со завршница за развојот и воената дејност на Партизанскиот одред “Даме Груев”. Во 3 витрини изложено е партизанско оружје и воени материјали. Во етнолошката соба презентиран е материјал од материјалната култура во Смилево, истакнат преку народната носија и тоа: невестинска, носија за постара жена и машка носија. Народната носија по своите карактеристики припаѓа на мијачкодебарската носија и се вбројува во најкарактеристичните народни носии. Како друг сегмент во презентирањето, претставена е функционалноста на куќата преку вградена мусандра, огниште, софра, ковчег, кои биле во функција. Презентираните предмети потекнуваат од Смилево.
|
||||||